Општина Битола

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВО ПОСЕТА НА ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА „СЈУ РАЈДЕР“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски беше во посета на Домот за стари лица „Сју Рајдер“ Битола. Од раководството на домот беше запознат со условите и услугите кои овој дом ги дава на лицата кои се сместени тука.

Коњановски поразговара со лицата кои се сместени во овој дом. Им ги честиташе новогодишните и божиќните празници, посакувајќи им здравје и весели празнични денови.

Инаку Домот за стари лица градоначалникот за сите поголеми празници го посетува него и лицата сместени во оваа установа.

Scroll to Top