По повод Рамазан Бајрам, градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски го посети битолското муфтиство на покана на муфтијата Амит Расими на празнична баклава.

Коњановски изрази благодарност за поканата и уште едаш го чeститаше празникот.
Во срдечен разговор се зборуваше за одбележувањето на празникот, како и за состојбите во градот, проектите кои се реализираат.

Битолското муфтиство и годинава ја продолжи својата традиција по повод празник Рамазан Бајрам пред просториите во старата чаршија, посетителите беа послужени со баклава.
Измината недела градоначалникот на Битола ја организираше традиционалната ифтарска вечерва.

