Синоќа се одржа детска приредба во чест на прославата на Денот на ослободувањето на Битола во Офицерскиот дом, организирана од ЈОУДГ „Мајски цвет“ Битола.

Во различни групи и секции, со точки инспирирани од Битола и нејзините природни убавини, културно-историски знаменитости, најмладите од оваа установа, заедно со нивните ментори, ја збогатија програмата „Сите бои на сеќавањето“ која трае неколку дена, по повод 4 Ноември Денот на ослободувањето на Битола.

Просторот во Офицерскиот дом беше претесен за големата приредба, а тие со своите точки успеаа да ја развеселат публиката и да добијат големи аплаузи.

Од градинката велат дека како установа посветена на грижата и воспитувањето на најмладите, наша одговорност е уште од најрана возраст да ги учиме децата да ја сакаат, почитуваат и чуваат Битола, да ги запознаваат нејзината богата историја, традиција и културно наследство, затоа што љубовта кон родниот град се создава уште во детството.







