Општина Битола

ДИЈАЛОГ СО МЛАДИТЕ ЗА УСПЕШНА ИДНИНА

„Советодавна група на млади на пат – Дијалог за Меѓународниот ден на Ромите“ беше настанот кој во Битола го организираше ОБСЕ во соработка со Општина Битола.

На неформалната средба присутен беше Едвард Андерсен, претставник на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, градоначалникот на Битола Тони Коњановски кои беа со млади од Битола, меѓу нив и членови од Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“.

Меѓународниот ден на Ромите (8 април) е важна пригода за прославување на културата, идентитетот и придонесите на Ромите, а воедно и привлекување внимание кон постојаните предизвици со кои се соочува ромската заедница низ целата земја.

Во градот живеат многу талентирани, активни и ангажирани млади Роми кои позитивно придонесуваат за својата заедница преку култура, уметност, образование и граѓанскиот ангажман. Еден пример е Ален Рустемов, млад атлетичар од ромска националност кој неодамна освои бронзен медал на балканско натпреварување во бокс, беше прогласен за спортист на годината на Македонија и на Битола, носејќи признание за општината и земјата и демонстрирајќи го талентот и решителноста на младите Ром. Ваквите примери го истакнуваат значајниот потенцијал што постои во заедницата кога можностите и поддршката се достапни.

Сепак, овие позитивни приказни честопати добиваат ограничена видливост во поширокиот јавен простор, а целта на овој настан е токму спротивното.

Scroll to Top