На денешниот едукативен настан организиран од Советот за социјална заштита на Општина Битола на тема ,,МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ КАЈ МЛАДИ” беа присутни стручни работници од основните и средните училишта, претставници од советите на родители, здруженија на граѓани, невладини организации, советници, претставници од советите за детско престапништво, женско претприемништво и младинскиот локален совет, како и граѓани на Општина Битола.

„Во време на брзи промени, бројни предизвици и секојдневен притисок грижата за менталното здравје е подеднакво важна како и грижата за физичкото здравје. Разговорот за емоциите, поддршката на младите и меѓусебното разбирање не треба да биде табу, туку дел од нашето секојдневие“, истакна претседателката на Советот за социјална заштита Марина Крстиќ.

На самиот настан беше доделена и благодарница на Алексеј Ивановски како признание за неговите хумани вредности и несебична поддршка кон заедницата.
Грижата за менталното здравје е инвестиција во иднината на младите.









