Општина Битола

ЗАПОЧНА ДОСТАВАТА НА РЕШЕНИЈАТА ЗА ДАНОЧНИТЕ ОБВРЗНИЦИ, ГРАЃАНИТЕ ИМААТ МОЖНОСТ И ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ПЛАЌАЊЕ

Од 15 февруари, Општина Битола започна со достава на решенијата за данок на имот за физички и правни лица, како и решенијата за комунална такса (фирмарина) за 2025 година. Дополнително, се врши и достава на опомени за неплатен данок, како и припис решенија. Секој граѓанин, кој има дополнителни прашања во однос на решенијата, може да се обрати секој работен ден од 07:30 до 15:30 на шалтер или во канцеларија број 22 во општината.

Од неодамна, граѓаните имаат и дополнителна олеснителна можност, решенијата да ги преземат електронски и да извршат електронска уплата преку модулот за електронска наплата и евиденција на даночни обврски, преку следниот линк https://edanoci.bitola.gov.mk/.

Покрај другото, доколку граѓанинот пристапи до полето ‘Мој профил’, може да побара Достава на решение по е-пошта со кликнување на наведеното копче. Со тоа решенијата ќе престанат да му доаѓаат во печатена форма, а истите ќе ги добива по електронски пат.

Со апликацијата имате увид во решенијата на веб страницата на Е-Данок https://edanoci.bitola.gov.mk и доколку не добивате емаил, решението ќе го превземете од истата.

Со тоа што граѓанинот поседува имот во општина Битола, автоматски е даночен обврзник со законско право на даночно решение за неговиот имот, но има и законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот.

Токму затоа, се повикуваат граѓаните за навремено регулирање на даночните обврски, затоа што, меѓудругото за учество на повиците од општината за субвенционирање за клима уреди и дограма, еден од условите планирано е да биде апликантите да имаат платен данок на имот заклучно со 2024 година. Повиците за субвенционирање, согласно Програмата за животна средина, се очекува да бидат објавени кон крајот на март.

Плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин – даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднина на општината.

Scroll to Top