Општина Битола

ЗАПОЧНУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „ЧЕДЕ ФИЛИПОВСКИ“

Утре започнуваат градежните активности на улицата „Чеде Филиповски“ која се наоѓа зад Здравствениот дом и е дел од проектот за реконструкција на четири улици во тој реон, од кои три веќе се асфалтирани.

Ќе се изврши реконструкција на водоводната и канализационата мрежа кои се финансирани од Министерството за транспорт, како и реконструкција на коловозот која ја финансира Општина Битола.

Изведувачот на работите апелира граѓаните да ги отстранат своите возила од оваа улица со цел непречено извршување на градежните работи.

Scroll to Top