Прием кај градоначалникот на Битола Тони Коњановски на кугларите и нивниот селектор кои на Светското првенство во Австрија направија историски успех. Четири сребрени медали од две тандем дисциплини.

Стефанија Алексовска и Дарко Јовановски светски вицешампиони во Тандем микс на Светското првенство во Австрија, постигнувајќи исклучителен резултат за македонското куглање.

Сребрени медали во дисциплината Тандем жени за Стефанија Алексовска и Андреа Велјановска, за кои тренерот Игор Михајловски вели дека се надминаа самите и изиграа во клучни мигови врвно.

„Како селектор, тренер и дел од управата на Кугларската федерација на Македонија немам зборови да ја опишам среќата и задоволството за постигнатиот успех на Македонија во младинските категории“ вели Михајловски.

Градоначалникот Коњановски им честиташе посакувајќи им уште многу спортски успеси.

Инаку кугланата во Битола, каде што тренираат и која е лиценцирана и за меѓународни натпревари, е местото од каде излегуваат талентирани спортисти што се гордост на Битола.


