Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски денеска на првиот ден од новата година беше во посета на Противпожарната единица на Битола.

Го информираа дека вечерта имало една интервенција, а тоа значи дека новогодишната ноќ воглавно поминала за среќа мирно.

Дека за среќа немале многу работа, односно интервенции градоначалникот беше информиран од командирот на вод и командирот на смена.

Како што е познато противпожарната единица на Битола ќе добие нов современ објект во некогашната касарна каде траат градежните работи.




