Општина Битола

НАСКОРО НОВА РАКОМЕТНА ПЛАТФОРМА, СЕГА СО ЖРК „ПЕЛИСТЕР 2012“ БИТОЛА

На првата наредна седница на Советот на Општина Битола ќе се најде договорот, односно ракометната платформа меѓу Општина Битола и Женскиот ракометен клуб „Пелистер 2012“ Битола.

Цел на оваа платформа е поддршка на активностите, развојот и промоцијата на спортот-ракометот кај женската популација во Општина Битола.

Договорот кој ќе биде разгледуван на седница на Советот на Општина Битола не значи и не претставува основ за промена во капиталната структура, припојување, преземање, поделба или било каква друга статусна промена на клубот.

Ова денеска беше дискутирано на средбата на градоначалникот на Битола Тони Коњановски и претседателот на Советот Бојан Бојкоски со првите луѓе на клубот и ракометарките.

Scroll to Top