Општина Битола

НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Унапредувањето на социјалната заштита на лицата со попреченост не е само институционална обврска, туку наша заедничка општествена одговорност.

Заменик градоначалничката Марина Крстиќ и претставничката од секторот за социјална заштита на Општина Битола Симона Јовевска, денес имаа можност да учествуваат како говорници на националната конференција „Унапредување на социјалната заштита на лицата со попреченост на локално и национално ниво“ во Скопје, каде што се отворија важни прашања за финансиската одржливост, децентрализацијата и развојот на социјалните услуги во заедницата.

Беше кажано дека од перспективата на локалната самоуправа, вистинската инклузија започнува тогаш кога поддршката станува достапна услуга, реална можност и подобар квалитет на живот.

Општина Битола продолжува да ја гради својата визија за општество во кое различностите се прифаќаат, бариерите се надминуваат, а секој човек има еднаква можност за достоинствен и исполнет живот. Затоа што инклузијата не е привилегија. Таа е право!

Scroll to Top