Општина Битола го организира третиот буџетски форум за креирањето на Буџетот за следната година.
По големиот интерес на првиот и вториот форум и на овој трет по ред форум Ве очекуваме со вашите предлози во насока на создавање буџет по мерка на граѓаните.
Форумот ќе се одржи в четврток ( 19.11.2026 ) во 12:00 часот во Офицерскиот дом во Битола.

