Општина Битола

НА ФИКТ ПРЕТПРИЕМАЧКА НЕДЕЛА „СЕ РАЗВИВАМЕ ЗАЕДНО“

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски имаше поздравно обраќање на факултетот за информатички и комуникациски технологии на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ Битола каде започна претприемачката недела за поттикнување на стартапи и мали и средни претпријатија, насловена „ Се развиваме заедно“.

Таа ќе трае до сабота кога ќе бидат презентирани резултатите од работата на тимовите, а во своето обраќање градоначалникот на Битола истакна дека и на Општина Битола, како и на фирмите во градот, јавните претпријатија потребни им се луѓе со претприемачки дух, луѓе кои се дел од модерните текови и имаат визија за иднината.

„Претприемачката недела за поттикнување на стартапи и мали и средни претпријатија Верувам и сигурен сум дека ќе охрабри многумина да соберат храброст и својот потенцијал да го инвестираат во нови и иновативни решенија кои ќе го подобрат нашето секојдневие и иднина“ рече градоначалникот Коњановски.

Поздравни обраќања имаа и ректорот Игор Неделковски, деканот Благој Ристевски, заменик шефот на мисијата на Амбасадата на Швајцарија Михал Харари и рсководителот на ХСЛУ Рене Зеиер.

Scroll to Top