Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денес беше во посета на економското училиште „Јане Сандански“ каде беше направена целосна реконструкција на училница и набавка на училишен мебел по спроведена јавна набавка во вредност од 197.100 денари со ДДВ, со што се создадоа услови за сите ученици и професори во училиштето.

Денес победничкиот тим од „UPSHIFT“ програмата го презентираше своето дизајнерско решение прочистувач на воздух за во училница- „AERVIA“. „UPSHIFT“ е програма за социјални иновации базирана на методологијата на дизајнерско размислување, наменета за млади кои сакаат да решаваат конкретни проблеми поврзани со животната средина и климатските промени. Проектот го спроведува организацијата „LEAD“ во соработка со Министерство за образование и наука и Бирото за развој на образованието.

Тимот „Eco friendly“, составен од Матеа Србиновска, Андреа Стојчевска, Марија Трпезановска и Леонардо Стојковски, го претстави својот прочистувач на воздух „Airvia“, а кој претставува решение насочено кон подобрување на квалитетот на воздухот и создавање на попријатни услови во просторот.

Производот е практичен, функционален и лесно применлив за секојдневна употреба. Со негово поставување во училниците на учениците им овозможуваме подобри услови за учење и работа и се грижиме за создавање на почиста и поздрава средина за сите, беше речено на денешната презентација.





