Општина Битола

НОВ СОСТАВ НА ЛОКАЛНИОТ ЕКОНОМСКО-СОЦИЈАЛНИОТ СОВЕТ

Денеска конститутивна седница одржа новиот состав на Локалниот економско-социјален совет (ЛЕСС).

ЛЕСС ги следи состојбите и разгледува прашања кои се однесуваат на подобрувањето на економско социјалната положба на работниците и работодавачите во општината каде што е формиран и дава свои мислења и предлози за специфичните прашања како што се економскиот и социјалниот развој на општината, вработување со акцент на младите, животниот стандард, развивање и унапредување на колективното договарање, подобрување на работните услови за заштита при работа, образованието и професионалната обука, демографските движења и други прашања во согласност со актите на ЛЕСС.

За претседавач на ЛЕСС Битола избран е Никола Трпеновски- стопанственик, за заменик претседавач избран е Борче Димитровски- секретар на Општина Битола и за секретар избрана е Емилија Сарафска од одделението за економски развој.

На седницата присуствуваше и градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој се заблагодари на соработката и поддршката која ја дадоа на локалната самоуправа при што биле завршени неколку добри проекти.

„Посакувам успешна работа, голема благодарност за целиот ваш придонес кој што го имате. Ова тело не е само формално, туку е навистина тело со кое сакаме да имаме плодна натамошна соработка и навистина тело кое што ќе даде придонес во остварувањето успешни резултати“ рече градоначалникот Коњановски.

На првата седница беше разгледан и Деловникот за работа на ЛЕСС Битола, потоа информацијата од МКЦ Битола за Проектот „Јакнење на локалните економско социјални совети“, а се дискутираше и по однос на изготвување на Стратешки план на ЛЕСС Битола за периодот 2026 – 2028 .

Scroll to Top