Општина Битола

ОПШТИНА БИТОЛА ПРОДОЛЖУВА СО ПОДДРШКА ЗА ИЗГРАДБА И СТАВАЊЕ ВО ФУНКЦИЈА НА ПЛАНИНАРСКИОТ ДОМ „КОПАНКИ“

Интензивирање на динамиката за изградба на планинарскиот дом „Копанки“ и продолжување на поддршката од страна на Општина Битола, беа теми на денешната средба на Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претседателот на ПСК „Пелистер“, Диме Попов.

За време на средбата, Попов информираше дека, благодарение на заедничката соработка на општината и планинарскиот клуб, домот „Копанки“ се гради како комплетно нов објект, затоа што последиците од пожарот не дозволија да се изврши реконструкција на стариот објект. Новиот планинарски дом, во целост ги задржува карактеристиките на објектот со посебно значење за битолчани, кој во моментот наново е изграден до карабина, а се работи на кровната конструкција, скалите, по што ќе следува и поставување на потребната дограма.

Согласно реализираните активности, во досегашниот период, локалната самоуправа, обезбеди поддршка за изградба на домот во износ од 9.800.000 денари, а за оваа година согласно програмата за спорт и млади, општината ќе издвои 2.800.000 денари.

Градоначалникот Коњановски, нагласи дека општината ја обезбедува оваа поддршка, затоа што објектот е од посебно значење за граѓаните на Битола и очекува во оваа фаза динамиката да биде забрзана и наскоро објектот да ги отвори вратите за сите љубители на планината.

Scroll to Top