Општина Битола и Културниот и информативен центар ( КИЦ ) денеска организираа отворен ден за идните средношколци.
Презентации, проекти и музика на платото пред Офицерскиот дом.
Идните средношколци ги пречекаа штандовите на средните училишта, младинските организации и организациите за млади, каде што можеа да се информираат за насоките и програмите при изборот на нивното средно образование.
Општина Битола, КИЦ и училиштата на овој начин ја олеснуваат одлуката при изборот на тоа каде ќе го продолжат образованието



















