Општина Битола, како партнер во акцијата „Генералка викенд“, ќе биде дел и од акцијата „Електро генералка 2025“ која ќе се одржи од 5 до 9 Мај. Во рамките на оваа акција се повикуваат да се вклучат сите физички, правни лица, институции, здравствени домови, училишта и градинки во општината.
„Исчистете го домот, подрумот и работните простории од електронскиот отпад и отпадни батерии. Во периодот од 5 до 9 Мај повикајте ја еко линијата за НУЛА ОТПАД 070236000/ 070 216 155 и резервирајте термин за отпадот бесплатно да биде преземен од вашата локација. Тие ќе го подигнат целиот електронски отпад бесплатно!
Стари печатачи, компјутери, факс-машини, телевизори, телефони, видеорекордери, фрижидери, машини за перење, компресори итн… се што е во вашето складиште или подрум со години и не е во употреба НУЛА ОТПАД ќе го подигнат – БЕСПЛАТНО!
Ослободете го вашиот простор и јавете им се на НУЛА ОТПАД!“, стои во известувањето од тимот на „Мен енд Маунтен“, организатори на акцијата „Генералка викенд“ во која активно е вклучена Општина Битола.
Официјалните партнери на акцијата „Генералка викенд“ гарантираат професионален третман на целиот електронски отпад – рециклирање наместо одложување на ѓубришта.
