Ви го најавуваме големиот Божиќен концерт со кој ќе го празнуваме раѓањето Христово „Свет, Свет, Свет“.
Општина Битола заедно со Центарот за култура и Културниот и информативен центар, Ве покануваат на концертот на народни и црковни божиќни напеви “Свет, Свет, Свет” кој ќе се одржи на 8 јануари со почеток во 19:00 часот во големата сала на Центарот за култура-Битола.
Благојче Трајковски – кларинет
Никола Трајановски – виолина
Филип Михјлоски – канон
Гоце Ристески – лаутa
Петар Христов – уд
Коста Стевановски – контрабас
Пеце Трајковски – перкусии
Вокални изведувачи :
Горан Трајкоски
Ана Митоска
Тања Царовска
Петар Христов
Ве очекуваме на големиот концерт за големиот Божик.
Влезот е слободен.


