Општина Битола

ПРЕЗЕНTИРАН ОПЕРАТИВНИОТ ПЛАН ЗА АКТИВНИТЕ ПРОГРАМИ И МЕРКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И УСЛУГИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска во посета на Агенцијата за вработување во Битола, каде беше презентиран оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година.

На презентацијата беше присутен и претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски.

Со Оперативниот план за 2026 година посебен акцент се става на младите невработени лица до 29 години, долгорочно невработените како и на корисниците на гарантирана минимална помош.

Оперативниот план за 2026 година тежи 2.422.000.000 денари, односно 39,3 милиони евра, а ќе бидат опфатени вкупно 10.352 лица.

Се работи за три повици во рамки на мерката-поддршка за самовработување за која се предвидени 1.377.303.780 денари или 22,3 милиони евра.

И годинава се истите 3 подкатегории и тоа:

–  Мерка-Поддршка за самовработување (за лица над 29 години ) која се однесува на невработени лица да започнат сопствен бизнис, висината на финансиската поддршка изнесува 430.500 денари или 7.000 евра неповратни средства за започнување на бизнис. За оваа подмерка се предвидени средства за 660 лица.

–  Со Поддршка за самовработување  на млади невработени лица до 29 години висината на финансиската поддршка изнесува 10.000 евра неповратни средства за основање на бизнис. За оваа подмерка се предвидени средства за 883 лица.

– Со подмерката Поддршка за самовработување со здружување на корисници до две лица се дава поддршка да основаат бизнис, со што висината на финансиска поддршка изнесува од 14.000 до 20.000 евра при што 20.000 евра се однесува содружници кои се до 29 години. За оваа подмерка се предвидени средства за 500 лица, од кои 275 за лица под 29 години.

Во Битола има 200 апликации.

Scroll to Top