Општина Битола

ПРЕКРАСНА АТМОСФЕРА ПРЕД ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ НА ШАМПИОНСКАТА ПРОСЛАВА СО РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

Синоќа, Платото пред Офицерскиот дом, каде што се одржа големата прослава по повод освојувањето на шампионската титула од страна на РК Еурофарм Пелистер, беше центарот на радоста и спортскиот дух на Битола,. Голем број битолчани, верни навивачи, припадници на навивачката група Чкембари, како и бројни љубители на ракометот, се собраа заедно да го одбележат овој историски успех.

Настанот помина во извонредна атмосфера, исполнета со навивачки песни и голема позитивна енергија. Специјален придонес во забавниот дел на програмата дадоа музичките настапи на „Brass Brothers“ и популарниот пејач Димитар Андоновски, кои со своите изведби ја зголемија еуфоријата и донесоа дополнителна магија на вечерта.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, им се обрати на присутните, изразувајќи искрени честитки до ракометарите, стручниот штаб и управата на клубот. Тој се заблагодари за нивната посветеност и професионализам, истакнувајќи дека со овој успех Битола уште еднаш докажа дека е вистински спортски град со огромен потенцијал и традиција во ракометот.

Оваа вечер беше многу повеќе од прослава – таа беше симбол на заедништвото, страста кон спортот и гордоста на градот што стои зад своите шампиони.

Scroll to Top