За време на денешниот престој во Битола на настан кој се одржа во Офицерскиот дом, претседателката на Македонија Гордана Силјановска Давкова со задоволство заедно со градоначалникот на Битола Тони Коњановски и директорот на КИЦ Димитар Михајловски ги разгледа трите новоотворени тематски простории – Музичката соба, Градската соба и Собата посветена на историјата на Офицерскиот дом, создадени во чест на големиот битолски хроничар, проф. д-р Александар Стерјовски.

Од Културниот и информативен центар велат дека посебен момент беше врачувањето на првите две винил плочи во издание на КИЦ Битола – „All Colors of M“ на претседателката Силјановска Давкова и градоначалникот Коњановски.







