Општина Битола

СЛУШАЧКА ПРОМОЦИЈА НА ВИНИЛ ПЛОЧАТА „ПОЛНОЌНИ ПРИКАЗНИ ОД ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ“

Офицерскиот дом синоќа беше место за внимателно, заедничко слушање музика, со слушачката промоција на винил плочата „Полноќни приказни од Офицерскиот Дом”, програмата во рамките на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола.

Оливер Јосифовски, Исмаил Љумановски, Алек Секуловски и Давор Јордановски, четири музички имиња од светска класа, на вечерта во која вредеше да се остави телефонот, да се седне, да се слушне и она што обично ни бега додека животот се случува пребрзо.

Еден град живее и таму каде што се неговите луѓе. Во нивната работа, во музиката што ја создаваат, на сцените на кои излегуваат. Некои од нив се далеку, со адреси и кариери низ светот, а сепак остануваат дел од она поради кое Битола има со што да се гордее. Со талент што одамна ја надминал географијата, а ја зачувал блискоста.

Гостите имаа можност да присуствуваат на слушачката промоција во пресрет на винилното издание.

Scroll to Top