Општина Битола

ЦЕЛОСНО ЗАВРШЕНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ВОДОВОДНАТА ЛИНИЈА БИТОЛА – с. ПОЕШЕВО – с. ЛОГОВАРДИ

ЈКП Водовод целосно ја заврши реконструкцијата на водоводната линија Битола – с. Поешево – с. Логоварди во должина од 6 километри, со реконструкцијата се заменети досегашните азбестно – цементните со полиетиленски HDPE водоводни цевки и нови приклучоци за домакинствата, со ова се добива комплетно нова водоводна мрежа која ќе ги реши долгогодишните проблеми на граѓаните и ќе го подобри квалитетот и сигурноста на водоснабдувањето.

Проектот е финансиран преку Министерството за транспорт и врски и Владата на Република Македонија во рамките на првиот повик, во кој општината аплицираше со 16 проекти.

Вкупната сума на проектот изнесува 29.349.605 денари.

Scroll to Top