Општина Битола

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦА 16-ТА

Во текот на денешниот ден се изведува асфалтирање на ул. „16-та“ во Битола.

Завршните активности се изведуваат во должина од околу 100 метри, а општина Битола за реализација на овој проект издвои 1.400.000 денари.

Покрај реконструкцијата на коловозот, претходно беше поставена нова водоводна мрежа за подобро водоснабдување со санација на постојната мешовита канализација.

Scroll to Top