Општина Битола

БИТОЛА ГО ЗАГУБИ СВОЈОТ ХРОНИЧАР, ПРОФЕСОРОТ АЛЕКСАНДАР СТЕРЈОВСКИ

Со длабока жалост и сочувство до семејството, денес ја споделуваме веста за заминувањето на еден од најмаркантните личности на Битола, професорот Александар Стерјовски.

Стерјовски остави длабока трага како истражувач, педагог и хроничар на градот. Со своите книги и студии, меѓу кои се издвојуваат делата од серијалот „Битолско десеткнижие“, тој го документираште развојот на архитектурата, културата, спортот, музичката традиција и други области за Битола. Неговите дела претставуваат вистински архив на градската меморија.

За битолчани, тој е симбол на љубовта кон градот, инспирација за идните генерации и жив сведок на неговиот дух. Неговото дело претставува траен споменик на Битола и нејзините најзначајни личности.

Scroll to Top