Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски вечерва е на терен каде се интервенира по обилните врнежи од дожд кои на неколку локации предизвикаа проблеми.

„По обилните врнежи од дожд кои деновиве, а особено попладневно го зафатија и битолскиот регион дојде до поплавување на дел од селото Кравари од каналската мрежа. На лице место сум со директорот на јавното претпријатие „Водовод“ Битола, Андреј Гинов, каде ја следиме состојбата.

Битолски „Водовод“ во Кравари интервенира со механизација, а станува збор за проблем со каналската мрежа која не може да ја прими големата количина на вода. Заради ова екипите на „Водовод“ работат на лоцирање на најкритичните точки, со цел што поскоро санирање на состојбата.

Се сретнав и разговарав со жители од ова населено место и заеднички се обидуваме што поскоро да ја ставиме состојвата под контрола.

Во интервенцијата се приклучија и екипи со механизацијата од водостопанското претпријатие „Битолско Поле“.

Остануваме на терен до санирање на состојбата“ изјави Коњановски.


