Општина Битола

ВО БИТОЛА БЕШЕ ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ФОРМИРАЊЕТО НА СЕДМАТА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА

Заменик градоначалничката на Битола Марина Крстиќ денеска присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето на Денот на формирањето на седмата Македононска ударна бригада 22 август 1944 година.

На свеченоста беше интонирана химната на Република Македонија, по што присутните положија свежо цвеќе пред спомениците.

Во име на општина Битола свежо цвеќе положи и се поклони пред спомениците на народните херои Васко Карангелевски и Пецо Гудовски во градското шеталиште во Битола, заменик градоначалничката Крстиќ.

Пригодно обраќање имаше претседателот на огранокот за формирањето на седмата Македонска ударна бригада, а свеченоста ја организираше Здружението на ветерани на одбраната и безбедноста на Република Македонија-огранок Битола.

Scroll to Top