Општина Битола

В ПЕТОК НОВА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА

Пред советниците на седницата закажана за в петок ( 13.11.2026 година ) ќе се најде кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Битола за третиот квартал од 2026 година.

На дневен ред ќе биде и Програмата за развојни планови на Општина Битола за периодот од 2027 до 2029 година, како и Програмата за измена и дополнување на Програмата за финансирање и изработка на Урбанистички планови на подрачјето на Општина Битола  за 2026 година.

Советниците ќе расправаат и за Одлуката за определување на висината на благајничкиот максимум, како и неколку одлуки за именување членови во Управни и Надзорни одбори во неколку јавни претпријатија.

Scroll to Top