В петок на 7-та седница на Советот на Општина Битола ќе се најде кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Битола за четвртиот квартал од 2025 година, како и завршната сметка на Општина Битола за 2025. Пред советниците и годишниот извештај на Општината за ланската година и одлуката за проширување на средствата на Буџетот за 2026 година.
Меѓу точките од дневниот ред ќе биде и одлуката за формирање на координативно тело за следење на имплементацијата на Локалниот акционен план за животна средина ( ЛЕАП) за периодот 2024-2030 година.
Советниците ќе расправаат и за одлуката за отпочнување на процесот на ажурирање на процената на загрозеноста на подрачјето на Општина Битола од сите ризици и опасности.
На ова седница и две одлуки за примање донации, од кои едната е за изградба на ново спортско фудбалско игралиште со вештачка трева и трибина кое ќе биде лоцирано, во рамките на стадионот Петар Милошевски.

