В четврток на 6-та седница на Советот на Општина Битола меѓу точките од дневниот ред ќе се најде и општинскиот енергетски план за 2026 година, правилник за искористување на средства од Програма за социјална заштита на Општина Битола во делот на адаптација на пристапност, мобилност и функционалност на лицата со попреченост до и во нивниот дом и Одлука за проширување на Буџетот на Општина Битола за 2026 година.
Пред советниците, односно точка на дневен ред ќе биде и одлуката за формирање Совет за женско претприемништво.
Советниците ќе се произнесат и по Одлуката за примање на донација за изработка на основен урбанистички проект за инфраструктура–регулација на река Драгор во град Битола и Одлука за примање на донација скулптура Сончев часовник–спомен обележје.
Точка на дневен ред е и Решението за давање согласност на Одлуката за донесување на Ценовник за изведување на градежни работи–канализациони објекти на КЈП „Нискоградба“Битола за потребите на Општина Битола согласно договорите на Општина Битола склучени по вториот јавен повик од Владата и Министерствата и примена на член 24 од ЗЈН.

