Општина Битола

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ НА БИЗНИС ФОРУМОТ ЗА ЛОКАЛЕН БИЗНИС-ГЛОБАЛНИ ПАЗАРИ

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска присуствуваше на 5-от Бизнис форум кој го организираа Ротари Клубот „Битола Широк Сокак” и Регионалната комора Битола.

Темата на овој форум беше „Локален бизнис – глобални пазари: можности за извоз и економска соработка”

Форумот има за цел да отвори дискусија за можностите за развој на извозот на компаниите од Пелагонискиот регион, како и за улогата на економската дипломатија и конзуларните претставништва во поттикнување на економската соработка и интернационализацијата на домашните претпријатија.

Во рамки на настанот се одржа и едукативна сесија, на тема „Од локален до глобален бизнис” подготвена од  Академијата за извоз на Матрона Конс на која  беа презентирани практични насоки за подготовка на компаниите за излез на странски пазари.

Форумот беше заокружен со панел дискусија со претставници на конзуларните претставништва, на тема „Улогата на економската дипломатија и конзуларните претставништва во поддршка на извозот и развој на меѓународната економска соработка”.

Настанот претставува можност за размена на искуства и идеи,  воспоставување нови бизнис контакти,  поттикнување на регионалниот економски развој.

Scroll to Top