Општина Битола

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ИМКА

Невладината организација ИМКА (YMCA), со седиште во Битола, деновиве е домаќин на средбите на членовите на оваа организација од целиот свет.

Претставниците од оваа светска организација, предводени од претседателот на ИМКА Битола Виктор Илиев, остварија средба со градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски.

Претставниците на ИМКА, меѓу кои беше и генералниот секретар на ИМКА Европа Хуан Симоес Иглесиас, го запознаа градоначалникот со тековните и идни проекти кои имаат за цел да ги поттикнат младите на активно учество во општеството, развивање на лидерски вештини, волонтерство и промовирање на вредности како инклузивност, одговорност и солидарност. Тие уште еднаш ја нагласија главната нивна заложба, зајакнување на младите преку нивниот личен и кариерен развој.

ИМКА Битола има партнерски однос со општина Битола, посочи градоначалникот Коњановски, кој ја истакна подготвеноста на општина Битола да ја поддржи младинската работа и да создаде услови за поголема вклученост на младите во социјалните сфери на живеење. Тој нагласи дека ваквите партнерства се од особено значење за изградба на современа и динамична заедница која ги следи потребите на младата популација.

Од ИМКА Битола ја посочија важноста на функционирањето на Младинскиот центар, каде што младите имаат можност преку неформално образование, да изучуваат вештини кои што не се застапени во образовниот процес.

Scroll to Top