Општина Битола

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ СЕ ОБРАТИ НА ЗАВРШНИОТ НАСТАН НА ПРОЕКТОТ „ЗЕМЈОДЕЛСТВО БЕЗБЕДНО ОД ПОЖАРИ ВО ОПШТИНА НОВАЦИ“

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска присуствуваше на завршниот настан на проектот „Земјоделство безбедно од пожари во Општина Новаци, спроведуван од здружението Центар за ресурси во животната средина.

На настанот беа презентирани активностите и резултатите од проектот на кој се промовираа и се поставија темелите за спроведување на земјоделски практики што ќе ги намалат достапните горива, ризикот од палење, стапката на појава и штетата предизвикана од земјоделските/шумските пожари во регионот.

Проектот придонесе кон побрзо и поефикасно интегрирање на практики за справување со пожари на ниво на предел преку размена на искуства и добри практики, како и спроведување на информации за ризици и опасности од пожари и воспоставени практики за справување со истите.

Поздравен говор на настанот имаше и градоначалникот на Битола, кој истакна дека без разлика што станува збор за Општина Новаци, пораките ќе стигнат и до другите општини во Пелагонија, особено и Битолската во чии рамки исто така има земјоделски култури, а ја спомена и изградбата на новата противпожарна зграда, чија единица ги покрива освен Општина Битола и општините Новаци и Могила.

„Она што што сакам да го истакнам бидејќи се работи за противпожарна единица која не е само за Битола, туку и за Новаци и Могила, се зафативме со еден голем односно капитален проект, а тоа е изградбата на новата противпожарна зграда во делот на некогашната касарна. Пожарникарите, односно единицата да имаат ефикасност потребни се добри услови за престој, подготовка и интервенција“ рече Коњановски.

Таа е изградена со средства од Општина Битола, а опремувањето ќе биде со средства од министерството за одбрана на САД.

Scroll to Top