Општина Битола

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРОСЛАВАТА НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК И ГОЛЕМИОТ ЈУБИЛЕЈ НА ГРАДИНКАТА „ЕСТРЕЈА ОВАДИЈА МАРА“

Јавната установа детски градинки „Естреја Овадија Мара“ денеска го прославува својот патронен празник и одбележува голем јубилеј 65 години постоење на установата.

Прослвата е под мотото „Твојата храброст-наш патоказ“, а на неа присутен беше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој им честиташе за одбележувањето на патрониот празник и големиот јубилеј.

Децата од градинката заедно со вработените подготвија пригодна програма за денешното обележување на двата значајни настани.

Прославата се одржа во детската градинка „Пролет“.

Scroll to Top