Општина Битола

ДИРЕКТОРОТ НА „ЏЕЗ ФАКТОРИ ФЕСТИВАЛОТ“ СО ГОСТИ ОД ФЕСТИВАЛОТ НА ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БИТОЛА

Деветтото издание на „Џез фактори фестивалот“ кое се оджува во Битола, Скопје, Демир Хисар и Охрид годинава е со учество на уметници од Франција, Австрија, Албанија, Унгарија, Полска, Црна Гора, Србија и Македонија.

Директорот и основач на фестивалот Сашо Поповски со гости од Србија и Црна Гора, директори на тамошните фестивали имаа прием кај градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

Тие информираа дека програмата обединува концерти, едукативни содржини, промоции на книги и професионални средби, создавајќи динамичен простор за развој на џез културата и дека ова не е само фестивал, не се само концерти, туку културно движење низ градовите.

Фестивалот се одржува под покровителство на Општина Битола и Делегацијата на Европската унија во Македонија.

Scroll to Top