Општина Битола

ДОДЕЛЕНА ЗЛАТНАТА КАМЕРА 300 ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА ДАРИУС КОНЏИ

Во рамките на 46. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва беше доделено највисокото признание, Златна Камера 300 за животно дело.

Високото признание отиде во рацете на легендарниот кинематографер Дариус Конџи, чија филмографија е вистинска ризница на визуелни ремек дела. Наградата му ја додели министерот за култура Зоран Љутков.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски беше дел од церемонијата, која што се одвиваше во пријатната атмосфера на Пионерски дом. Тој му врачи посебна плакета со македонски орнамент на овогодинешниот лауреат.

Дариус Конџи е роден во Иран, но израснал во Париз, каде што уште од раната возраст ја развил љубовта кон киното и театарот. Меѓу легендарните филмови на Конџи е „Седум“ со Бред Пит и Морган Фримен, „Полноќ во Париз“, „Седум години на Тибет“, „Евита“ и други.

Scroll to Top