Општина Битола

ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО КУГЛАЊЕ ВО БИТОЛА

Чест и задоволство беше да го проследам поединечното првенство во сениорска конкуренција во куглање и да се слушне дека кугланата во Битола ги има најубавите услови за овој спорт.

Квалификациите, осминафиналето и четврфиналето се играа во Скопје, а полуфиналето и финалето во битолската куглана.

Во машка конкуренција двајца куглари од „Макпетрол“, еден од „Вардар“, еден од „ГТЦ“, а во женска конкуренција три кугларки од „ГТЦ“ и една од битолскиот клуб „Пелистер“.

Со директорот на ЈП „Комуналец“ Горан Степановски, кое стопанисува со оваа куглана ја имавме честа да ги доделиме наградите, а претседателот на федерацијата Дарко Димитровски не пофали дека она што Општина Битола го прави за куглањето, ниту една друга општина не го има направено.

Убаво беше да се слушне како она што сме го направија е ценето од првите луѓе на федерацијата и дека Битола треба да биде пример, а ние немаме дилема, ќе продолжиме и натаму да даваме поддршка на куглањето и на одржувањето на оваа куглана.

Битолската куглана заради тоа што ги исполнува сите критериуми и квалитет за да може да се направат квалитетни тренинзи ќе биде место каде ќе се подготвува и машката и женската сениорска кугларска репрезентација за светското првенство во Австрија.

Scroll to Top