Општина Битола

ЕДУКАТИВНА ТРИБИНА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО УЧИЛИШТЕ „КУЗМАН ШАПКАРЕВ“

Денес во салата на Советот на Општина Битола беше организирана едукативна трибина со наслов „Земјоделство 5.0 – Агропрофесионалецот е професија на иднината”.

Трибината ја организираше општинското земјоделско училиште “Кузман Шапкарев“, на Светскиот ден на храната, а беше наменета за учениците од деветто одделение од основните училишта, кои наскоро ќе треба да донесат одлука за идното средно образование.

Целта на трибината е да им се приближат на младите современите можности во земјоделството и да им се претстави земјоделството како динамична, иновативна и перспективна дејност, која ги обединува науката, дигиталните технологии, вештачката интелигенција, заштитата на животната средина и претприемништвото.

Пред учениците и наставниците обраќање имаше и градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

„Сите заедно денеска имаме можност да се запознаеме со концептот на одржливо и паметно земјоделство, современите агропрофесии и можностите за образование и професионален развој во оваа област. Сметам дека ваквите активности се од особено значење за професионалното ориентирање на младите, за промовирање на земјоделското образование и за создавање нови генерации стручни кадри кои ќе придонесуваат за развојот на локалната економија и одржливото управување со природните ресурси“ рече градоначалникот Коњановски.

Scroll to Top