Општина Битола

ЕКИПАТА НА ВЕЧЕРАШНАТА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „ ПРИКАЗНАТА НА ЕЛЕКТРА “ ВО ПОСЕТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА

Градоначалникот Тони Коњановски денес во својот кабинет оствари средба со дел од екипата на вечерашната театарска претстава „ Приказната на Електра “.

Преставниците на театарската асоцијација на Јужна Кореја, како и режисерот на претставата Дејан Пројковски, ги споделија впечатоците од градот и го изразија своето задоволство што вечерва ќе настапат пред битолската публика како дел од билското културно лето.

Претставата ќе биде одиграна вечерва во 20 часот во Народен Театар Битола.

Scroll to Top