Општина Битола

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ КОИ СЕ НАОЃААТ НА ПРЕЛИМИНАРНАТА ЛИСТА НА ДОБИТНИЦИ НА КЛИМА УРЕДИ

Со цел транспарентност на постапката по Јавен повик за набавка на инвертер клима уреди и после дополнително спроведените контроли, Општина Битола ги известува граѓаните дека, во периодот од 09.06.2025  (понеделник) од 7:30 часот до 13.06.2025 година  (петок) до 15:30 часот  на шалтерите при Општина Битола сите потенцијални добитници од прелиминарната листа потребно е да ги достават оригиналните фискални сметки.

Фискалните сметки треба да се достават во затворен плик со назнака:
За ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Битола за набавка на инвертер клима уреди за 2025 година,

Име презиме на потенцијалниот добитник и

реден број од Прелиминарната листа.

Напомена:
Комисијата ќе ги прифаќа само доставените оригинални фискални сметки и нивното доставување е услов за потенцијалните добитници да се најдат на Конечната листа.

Scroll to Top