Општина Битола

ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕ – ОСМУ „ Д-Р ЈОВАН КАЛАУЗИ “

Извршена е реконструкција на спортската сала во ОСМУ Д-р „ Јован Калаузи “, односно направена е целосна замена на подот со професионален паркет, санирана е кровната конструкција, целосно е променета електричната инсталација и рефлекторите, направено е глетување и молерисување на трибините со фасадна боја, санација и бојадисување на внатрешната ограда од трибината, а монтирани се и дополнителни две влезни врати во салата.

Во училиштето реконструирана е наставничката канцеларија, каде извршена е промена на целокупниот дотраен инвентар.

Покрај овие проекти, инвестирано е и во зголемувањето на енергетската ефикасност на објектот, со поставување на фотоволтаици за производство до 40 киловати електрична енергија, за што поставени се 72 модулни единици.

Училиштето, во соработка со локалната самоуправа и Министерството за образование, продолжува со нови инвестиции со кои значително се подобруваат условите и се овозможува успешно одвивање на наставниот процес.

Scroll to Top