Општина Битола

ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕ – СОУ ГИМНАЗИЈА „Јосип Броз Тито“ 2022-2025

Во изминатиот период, голем број на инвестиции и зафати беа дел од создавањето на комлетната слика на уредување во гимназијата Јосип Броз Тито, меѓу кои како позначајни се следните:

-Заменети се сите стари внатрешни врати со нови врати од првокласно квалитетно суво чамово дрво и фарбани со покривна еколошка боја. Новите врати, заедно со украсните первази го запазуваат автентичниот изглед на гимназијата.

– Уредување на третиот кат и кабинетот по хемија со работни клупи со огноотпорна плоча за хемикалии, шкафчиња, умивалници и помошни елементи.

– За потребите на кабинeтите по хемија, физика и биологија, набавени се различни термометри, сонди и микроскопи.

– Изработена е библиотека за книги во кабинетот за странски јазици.

– Саниран е стариот партерен ѕид во нов од природен камен, поставена е нова ограда од ковано железо и нови гранитни скали со задржување на автентичноста на старите.

– Промена на старата со нова ограда на балконот од ковано железо и извршена е замена на постоечкиот лексан со плексиглас, летна училница со бехатон плочки, доработка на покривен пасаж кон спортска сала со лим.

– Изработена е настрешница во функција на летна училница и електрична инсталација

Влогот во образованието е влог во нашата иднина!

https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=314&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Freel%2F800431056067487%2F&show_text=false&width=560&t=0

Scroll to Top