Крајот на јуни започнаа реконструктивните зафати на спортските игралишта во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“. За речиси еден месец среде лето работите стигнаа до асфалтирање на новите спортски терени.

Се работи за три спортски игралишта, едното за кошарка, другото за одбојка и третото комбинирано за ракомет и мал фудбал.

Трите игралишта се на површина од 2457 м2, а средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Битола и се во висина од 18.100.000 денари.

Со ова учениците ќе добијат нови модерни терени за изведување на наставата по физичко образование.

Деновиве се асфалтираа спортските терени во ОУ „Гоце Делчев“, потоа во објектот на ова училиште познат како турското училиште и во ОУ „Даме Груев“.







