Општина Битола

МУЗИЧКО-СЦЕНСКИ ПЕРФОРМАНС „ПОЛНОЌНИ ПРИКАЗНИ ВО ОФИЦЕРСКАТА ПАЛАТА“

По доделувањето на четвртоноемвриските награди на свечената академија, публиката во продолжение имаше можност да го проследи музичко-сценскиот перформанс „Полноќни приказни во Офицерската палата“.

Градот живее и во спомените што ги носиме со себе. Во некоја мелодија, во нечие писмо, во средба што времето не успеало да ја избледи. Во приказните што патувале далеку, а секогаш ѝ се враќале на Битола.

Tие приказни добиваат свој звук, слика и сценски живот. Музичко патување во кое минатото се среќава со современоста, а радоста, тагата и копнежот стануваат бои на едно заедничко доживување.

Четворица врвни музичари – Оливер Јосифовски, Исмаил Љумановски, Алек Секуловски и Давор Јордановски – ги здружија своите уметнички светови во „The Colors of M“.

Секој со свој музички израз, заедно создадоа простор во кој вековите разговараат, старите звуци добиваат нов живот, а современата музика ги открива своите корени.

Низ спојот на музиката и визуелниот израз, „Полноќни приказни во Офицерската палата“ нè повикува да ја почувствуваме Битола низ времето – нејзината нежност и сила, нејзините разделби и средби, нејзината способност секогаш одново да инспирира.

Scroll to Top