Општина Битола на барање на кугларскиот клуб „Пелистер“ Битола обезбеди нова опрема за кугларската сала која сместена во спортската сала „Боро Чурлевски“.

Се работи за кугларска опрема која ќе можат да ја користат оние кои тренираат професионално и рекреативно.

Оваа опрема е неопходна за нормално функционирање на кугларската сала која е лиценцирана и за меѓународни натпревари.

Како минатата, така и оваа година продолжуваат инвестициите со цел како што рече и градоначалникот Коњановски и претседателот на Советот Бојкоски, салата да го задржи рангот за одржување и на меѓународни натпревари.







