Општина Битола

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦАТА ОД ЦЕНТАРОТ ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА

Традиционално и годинава новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците- децата од ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација-Битола.

Дедо Мраз предизвика радост кај децата, а од името на Општина Битола празниците им ги честиташе секретарот на општината Борче Димитровски.

Во овој Центар кој работи со деца со посебни потреби денеска беше предновогодишно весело.

Scroll to Top