Општина Битола

НОЕМВРИСКА ИЗЛОЖБА НА ДЛУБ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА БИТОЛА

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски синоќа присуствуваше на отворањето на Ноемвриската изложба на Друштвото на ликовни уметници Битола која е дел од програмата „Сите бои на сеќавањето” посветена на четвртоноемвриското празнување, Денот на ослободувањето на Битола.

Изложбата беше отворена во битолската Магаза, а бројни љубители на уметноста и членови на ДЛУБ имаат можност да уживаат во изложените уметнички дела.

Друштвото на ликовни уметници на градоначалникот на Битола му додели благодарница за успешната соработка и афирмација на ликовната уметност.

Scroll to Top