Општина Битола

ОБЈАВЕНА ПРОГРАМАТА НА „ЗИМСКА ПРИКАЗНА“

Прочитајте ги секојдневните програмски содржини на фотографиите или разгледајте ја Програмата на „Зимска приказна“ на овој линк.

Од 20 декември до 5 јануари, не пропуштајте да бидете дел од „Зимска приказна“.

Многу музика, детска програма, кино на отворено, возот „Мечо“, празничниот автобус и уште многу други содржини за сите генерации.

Годинава, бројките ја потврдуваат приказната:

-над 200 часа програма низ целиот град

-од нив, околу 35 часа детска програма

-67 бендови

-повеќе од 20 соло изведувачи

-5 фолклорни друштва

-2 градинки и 11 училишта како активен дел од програмата

Ова е најголемиот зимски фестивал во Македонија веќе неколку години.

Ова е декемврискиот ритам на Битола.

Scroll to Top