Општина Битола на второ место од 81 општина во Македонија во анализата на Здружението за истражување и анализи „ЗМАИ“.
Индексот на отворени општини покажува како општините ги споделуваат буџетските информации, известуваат за трошењето на јавните средства и ги вклучуваат граѓаните и маргинализираните групи.
Во 2025 година се оценуваат четири димензии: транспарентност, отчетност, вклученост и правичност и антикорупција. Просечниот вкупен индекс за 81 општина изнесува 38,4 поени.

Општина Битола е на второ место со 72 поени од можни 100 или по области 73 поени за транспарентност. Овде се мери степенот до кој буџетскиот процес, од подготовка, преку донесување, до спроведување, е познат на јавноста. 74 поени за отчетност каде го вреднува објавувањето на резултатите од работата на локалните власти и на целиот буџетски процес до граѓаните, потоа 80 проценти за вклученост и правилност што значи вклученоста и правичноста ги опишуваат начините преку кои граѓаните, а посебно маргинализираните групи, се вклучуваат во буџетскиот процес и 60 поени за антикорупција каде систематски ги мери и оценува практиките на општините за спречување корупција, транспарентност, интегритет и отчетност.

Со ова се потврдува континуираната заложба на Општина Битола за зголемување на индексот на отвореност имајќи предвид дека Општина Битола во споредба со минатата година бележи напредок за пет места.

